Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА КРУШЕВО

Денес, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Крушево, со кој се унапредија правата на вработените во локалната самоуправа.

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Дебрца, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Шули Доага од една страна и Градоначалникот на Крушево Томе Христоски од другата страна, го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Крушево.

Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор во износ од најмалку 60%, исплата на јубилејни награди, усогласување на платите со порастот на минималната плата за сите вработени итн.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.