Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Берово.

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Берово Ѓорѓи Пеовски од едната страна и Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски од другата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Берово и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.