- Македонски
- English
ПОСЕТА НА СИНДИКАТОТ ПРИ КНАУФ РАДИКА ДЕБАР
Претседателот на Синдикат за градежништво - СГИП , Иван Пешевски и Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ги посетија синдикалците и работниците во Кнауф Радика Дебар.
На состанокот со Синдикалниот одбор и Главниот синдикален претставник, Осман Пиперку, со членовите на Синдикалната организација на Кнауф Радика Дебар при СГИП се дискутираше за проблемите на вработените во делот на незаконската исплата на плата и додатоци на плата од страна на работодавачот, за вршењето на притисок од работодавачот за потпишување на нови Договори за вработување и други актуелни прашања и проблеми за кои се засегнати работниците.
СГИП и ССМ како во минатото така и во следниот период ќе се залагаат сите прекршени права од работниот однос, работниците да ги остваруваат преку Државниот инспекторат за труд и надлежните судови доколку работодавачот не ги отстрани неправилностите самиот.