Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОСЕТА НА СИЕР С.О НА АД ЕЛЕМ

ПОСЕТА НА СИЕР С.О НА АД ЕЛЕМ

Претседателот ССМ, Слободан Трендафилов заедно со Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов остварија средба со Претседателот на Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ, Јове Смилевски и ја посетија РЕК Битола.

Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ е единствениот синдикат каде што членуваат сите работници во АД ЕСМ, а за работниците со Колективниот договор во изминатиот беа обезбедени унапредување на работничките права од кои 15% зголемување на платата од месец септември 2023 година, зголемување на коефициентот на вработените со средно образование од 0,2 до 0,4 со високо образование односно дополнително зголемување на платите од 2.000 до 5.000 денари, во тек се преговори за исплата на К-15 во висина 100%, а Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ од кога е единствен репрезентативен синдикат секоја година регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од 100% од просечната плата.

По барање на Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ, а врз основа на изјаснувањето на работниците се реновира мензата која во најскоро време ќе биде ставена во функција.

Последниот Колективен договор помеѓу Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ и работодавачот АД ЕСМ Скопје беше потпишан на почетокот на 2024 година, а Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ до сега сите ветувања кои ги има дадено на работниците ги има исполнето.

ССМ и СИЕР застануваат цврсто позади Синдикалната организација на СИЕР при АД ЕСМ. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.