Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПЛАТА ЌЕ ИМА НО БЕЗ ГАРАНЦИИ ОД ВЛАДАТА ЗА РЕДОВНА ИСПЛАТА, А ВРАБОТУВАЊАТА ВО ПОШТА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ

Владата не го профати барањето на вработените во Пошта за стопирање на огласот за 31 нови​ вработувања во администрација,​ и им порача на вработените дека има кој да се грижу за финансиите , плата ќе има​ ама без конкретни гаранци​ за исплата во законски рок.​

Синдикалните организаци на​ Пошта на ден 24.02.2023 год одржаа средба со Вицепремиерот Битиќи и Генералниот директор на Пошта Стефанов .

На средбата Синдикатите​ ја пренесоа загриженоста на вработените за иднината на Пошта , особено за зачувивање на​ работните места и редовна исплата на плата.​

Револтот и загриженоста кај вработениете се огромени и доколку итно не се средат состојбите и проблемите во Пошта ќе бидат приморани да ги превзенат сите мерки и механизми преку протест и штрајк​ да го изразат нивното​ незадоволство, загриженост и​ зачувивање на нивното достоинство и егзистенција​ ​

Воедно , Синдикатите посочија дека работат во крајно лоши услови за работа, немаат основни средства за работа,​ секојдневно со соочуваат со лоша оргснизавија на работст и​ недоволно број на работници на клучните работни места во процесот како што се поштари, шалтерски работници и​ работници за проем и​ обработка на пратки, додека пак во администрација има превработеност , и​ поради тоа новите вработувања​ се непотребни, истите треба да се поплнат со внатрешно прераспоредување.

Дополнително,​ каде е оправданоста за новите вработивања кога платата за тековно вработените ја земаме после законскиот рок, и фактот што неможеме да обезбедиме средства за​ редовно исплата на плата, а со новите вработувања ќе зголемува буџетот за плата​ .

Синдикатите на состанокот истакнаа дека ниту едно од барањата на синдикатите кои беа договорени пред една година со спогодбата за штрајк сеуште не се реализирани.

Тие барања се од суштинско значење за стабилизација и иднината на Пошта за целосно реорганизирање и оптимизација​ во работењето а се однесува за изготвување нова Систематизација, нова реонизавија на доставата​ на поштарите, за подигнување на продуктивноста, зголемување на приходите, обезбедување услови за работа , подобрување на квалитетот на услугите.

Ако до сега се​ реализираа барањата на вработрните, немапе да се доведеме до оваа криза и неизвесност за иднината на Пошта.

И покрај изнесените аргументи и факти од страна на Синдикатите , Владата не го прифати барањето на вработените за стопирање на огласот за вработување на 31 административци ,​ кои во овие моменти на криза се непотребни и дополнотелно ќе го оптеретат буџетот за плати, истите ќе се реализираат.

​Воедно, Вицепремиерот посочи дека имало кој да се грижи за финнасиите , вработените да не се грижат ќе земат плата , без​ конкретни гаранци дека исплатата на плата ќе биде во рамките на законскиот рок.

Исто така Вицепремиерот истакна дека Пошта​ е приоритет за Владата и веднаш ќе отпчнеле со реформи и реорганизација на Поштата, посочувајќи дека приватизација нема да има,​ туку со целосно реструктуирање на Пошта за една година ќе се стабилизираат состојбите во работењето , но​ дека постои можност за јавно приватно партнерство кое би помогнало во процесот на стабилизација .

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.