Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОПАСЕН СКАНДАЛ НА В.Д ДИРЕКТОРОТ МИТОВСКИ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКОПЈЕ

Во текот на вчерашниот ден, автобуси на ЈСП Скопје се кријат и паркираат по објекти на ЈП Водовод и канализација Скопје и истите утринава се уште биле таму со што сериозно се нарушува безбедноста на објектите на ЈП Водовод и канализација Скопје за што в.д директорот Митовски треба да одговара како и да одговараат неговите налогодавачи.

Во пречистителната станица Волково на ЈП Водовод и канализација Скопје во доцните вечерни часови биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП Скопје и тоа до самите безени и пумпи со што е нарушена безбедноста, а за што синдикатот СУТКОЗ упорно предупредува изминатите денови.

Пречистителната станица на ЈП Водовод и канализација Скопје во Волково е објект од витално значење за градот Скопје и со ваквиот преседан Митовски како в.д директор и неговиот налогодавач директно го доведуваат во опасност функционирањето на објектот како поради опасност од излевање и истекување на опасни материи од автобусите, како и опасност од предизвикување на хаварија од поголем обем за чија интервенција на итните служби како против пожарната служба ќе бидат попречени.

Исто така, во текот на доцните вечерни часови според сознанија од синдикалисти, биле злоупотребувани ресурсите на ЈП Водовод и канализација Скопје, неовластено да извршуваат работи и тоа еден багер – скип работел и отворал пристап на задната страна од гаражата на ЈСП во Ѓорче Петров со што директно се злоупотребуваат ресурсите и работниците на ЈП Водовод и канализација Скопје со што се прави штета за лични цели на в.д Директорот и на неговиот налогодавач.

Доколку и ова не е доволно в.д директорот да биде уште веднаш разрешен поради злоупотреба на ресурсите на претпријатието и доведување во директна опасност на објектите од витално значење на ЈП Водовод и канализација Скопје тогаш се потврдува дека истиот како слеп послушник е поставен да раководи со ова витално јавно претпријатие за исполнување на желбите на градоначалничката Данела Арсовска и таа е нај одговорна за состојбите во кои се наоѓа ова јавно претпријатие.

Бараме надлежните служби ОЈО и МВР веднаш да интервенираат и да ги преземат сите мерки и да утврдат по чиј налог, кои лица, со која цел влегуваат и излегуваат од објекти со витално значење за градот Скопје и сторителите да одговараат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.