- Македонски
- English

ОДРЖАН VIII КОНГРЕС НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАРМАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА


Во Охрид се одржа VIII Конгрес на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, на кој за нов претседател на Синдикатот едногласно беше избран д-р Ѓорѓи Ставридис.

Со изборот на новото раководство, Синдикатот продолжува со своето дејствување во насока на унапредување на работничките и синдикалните права на вработените во здравството, фармацијата и социјалната заштита.
На Конгресот беше оддадена благодарност до досегашниот претседател Љубиша Каранфиловски за неговиот досегашен ангажман и придонес во работата на Синдикатот.

На VIII Конгрес присуствуваше и делегација на ССМ составена од Претседателите на СГИП - Иван Пешевски, АГРО Синдикат - Игор Китаноски, ССДМ - Слаѓана Миливојевиќ, СУТКОЗ - Стојанче Кашиковски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, кој во своето обраќање ја истакна важноста на единството на синдикатите, солидарноста и заедничкото дејствување во заштитата и унапредувањето на работничките права, а овој конгрес не е треба да се гледа како крај, туку како нов почеток.

ССМ му го честита изборот на д-р Ѓорѓи Ставридис и му посакува успешна работа во претстојниот мандат, со уверување дека соработката и партнерството меѓу ССМ и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита ќе продолжат да се развиваат во интерес на работниците.