Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 80 ГОДИНИ СИНДИКАТ ССМ, ДОДЕЛЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ССМ

Претседателот на ССМ Трендафилов, на поранешните Претседатели на ССМ им врачи Благодарници

Во знак на благодарност и почит, а по повод 80 години од формирањето на Сојузот на синдикатите на Македонија во 1946 година, Сојузот на синдикатите на Македонија доделува благодарница за значаен придонес во развојот и унапредувањето на синдикалното движење на:

Живко Толевски – Поранешен Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија во мандатен период од 1992 година до 2002 година.

Ванчо Муратовски - Поранешен Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија во мандатен период од 2002 година до 2010 година

Живко Митревски - Поранешен Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија во мандатен период од 2010 година до 2017 година

На поранешниот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски кој ја извршуваше функцијата во мандатен период од 2017 година до 2023 година, постхумно се доделува благодарница на неговото семејство која беше врачена на неговата сопруга Лила Димовска.

Беше оддаде благодарност и на сите поранешни Претседатели на Сојузот на синдикатите на Македонија кои стоеле на чело на ССМ од 1946 година до денес.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов  пред доделувањето на благодарниците истакна:

,,Денес мора да им оддадеме почит на сите оние кои пред нас го носеле синдикалното знаме.

На поранешните претседатели на ССМ, луѓе кои во различни времиња носеле различни битки.

Секој од нив оставил свој печат и секој од нив носел своја одговорност.

Секој од нив ја продолжил истата приказна.

Денес можеби не се согласуваме за сè.

Но денес сме обединети околу една работа, а тоа е дека ССМ е поголем од секој од нас., поголем е од секој претседател, поголем е од секој мандат и поголем е од секое раководство.

Поголем е од секоја влада.

Поголема е од секоја генерација.

Затоа што ССМ е организација која им припаѓа на работниците.

И така мора да остане."

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.