Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Никој од владата денес не ги прими стечајците

 

Многу сме разочарани што денес стоиме пред празната зграда на Владата. Обезбедувањето ни кажа дека нема кој да не прими, затоа што биле зафатени со изборите. Ова е петти по ред протест и првпат никој не не удостои барем да разговара со нас, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата на стечајни работници, за денешниот протест пред Владата.

Видливо помалиот број на работници на денешниот протест Георгиевска го објаснува со саботирањето на градоначалниците од ВМРО - ДПМНЕ. Стечајците инаку бараат од секој град да им обезбеди барем еден автобус до Скопје, но овојпат морале превозот да го платат од свој џеб.

Тие сведочат дека се забележани притисоци од полицијата. Наши активисти во Куманово, Охрид и други места беа повикувани на разговор и испрашувани, велат стечајците.

Размислуваме за демонстрација на граѓанска неопослушност во недела, на денот на изборите. Се уште не сме одлучиле, но може да се случи неколку часа да останеме пред Владата, за сите да видат како оваа Влада се грижи за сопствениот народ. Но и после изборите остануваме на одлуката секоја среда да демонстрираме, се додека не се исполнат нашите барања, објасни Георгиевска.

Основните барања на стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок, чиј број се проценува на околу 37.000 лица, се месечен надомест од сто евра, до ново вработување или до исполнување на условите за пензија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.