- Македонски
- English

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, сакам да Ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, за вашата посветеност, труд и исклучителен придонес како работнички, синдикалки и како дел од нашето големо синдикално семејство.
Вашиот професионализам и работничка борба во текот на целата година, покажуваат дека успесите се можни кога се бориме заедно.
Нека овој ден биде потсетник на се што сте постигнале и на се што ќе постигнете !
Но, најважната порака која го одбележува денешниот ден е ,,Нема да не снема", и затоа на Меѓународниот ден на жената 8 –ми Март, Сојузот на синдикатите на Македонија, во име на сите жени бара поголема институционална поддршка за родова еднаквост и елиминирање на сите форми на родово базирано насилство и дискриминација како основа за сите демократски процеси во државата.
Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на значењето на Меѓународниот ден на жената – 8 март кој има за цел да ја подигне свеста за потребата од креирање на општество на родова рамноправност и еднакви можности на мажите и жените како основен предуслов за активно , креативно и продуктивно учество на сите граѓани во градењето и унапредувањето на државата по примерот на европските стандарди и практики.
Честит 8-ми Март,
Меѓународен ден на жената.
Со почит,
Претседател на ССМ
Слободан Трендафилов