- Македонски
- English
На барање на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ) беше одржана конструктивна средба со Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на која присуствуваа и претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.
На средбата се разговараше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на кадри, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, редовна и правилна распределба на платите, како и за потпишување нов Колективен договор.