- Македонски
- English

МЛАДИТЕ СЕ ИДНИНАТА, НО И СЕГАШНОСТА!

ССМ обединува голем број млади работници, кои веќе го препознаваат како своја организација која се бори за нивните работнички права, достоинство и сигурна иднина.
И на Меѓунардониот ден на младите, 12ти август потсетуваме дека младите не смеат да бидат евтина работна сила, туку рамноправни работници со достоинствени плати, сигурни работни места, почитување на работничките права и можност за професионален и личен развој.
Затоа, ССМ продолжува да се бори за младите да останат, работат и создаваат иднина во својата земја.
ССМ – заедно со младите ќе продолжи да се бори за подобар живот и подобра иднина!
Младите имаат право на пристојна работа и пристојна плата, младите имаат право на синдикат!
#МеѓународенДенНаМладите #МладиРаботници #Синдикат #ССМ #РаботничкиПрава