Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ❗

Со поддршка на Меѓународната организација на трудот канацеларија Скопје изработено е промотивно видео за Конвенција за спречување насилство и вознемирување во светот на работата ( бр.190) кое го промовираме по повод 25 ноември, денот кога го одбележуваме Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Декларација на Обединетите нации (ОН), за елиминација на насилство врз жените 48/104, била усвоена на 20 декември 1993 година, а од 1999 година со резолуцијата на ОН 54/134, официјално за прв пат, почнува да се одбележува 25 ноември како Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените.

Кампањата која ја водеше ССМ за ратификација на Конвенцијата на МОТ 190 резултираше, на седница на Економско социјалниот Совет, едногласно да биде прифатена од сите социјални партнери со што ќе се ратификува КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190 ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА РАБОТАТА.

Линк до видеото:https://www.youtube.com/watch?fbclid=IwAR0t0sFSsWYdzQo6zcyv1hv05fwNEKRF3ekrGvGfdql3y7ZVE0GYseo-UI8&v=WFgVw0Q7AoE&feature=youtu.be

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.