Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЛОКАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ РЕШАВААТ ЛОКАЛНО ПРЕКУ ЛЕСС ДЕМИР ХИСАР

ЛОКАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ РЕШАВААТ ЛОКАЛНО ПРЕКУ ЛЕСС ДЕМИР ХИСАР

Во организација на Локалниот економско-социјален совет при Општина Демир Хисар, а со поддршка на МКЦ Битола и Шведскиот институт "Олоф Палме", пред претставници на Министерството за надворешни работи - Сектор за економска дипломатија и Агенцијата за странски инвестиции на Македонија, денес беше реализирана промоција на инвестиционите, извозните и туристичките капацитети на Демир Хисар.

На седницата на ЛЕСС Демир Хисар се презентираа капацитетите и можностите со коишто располага општината во секторите инвестиции, извоз и манастирски туризам.

Договорени се следниве заклучоци кои ќе се реализираат во 2024 год:

1. Реализација на посета на Општина Демир Хисар од страна на претставници на дипломатскиот кор во Македонија, со цел директна презентација на нашите капацитетите на општината;

2. Реализација на контакти со странски туроператори со цел организација на еднодневни посети на странски туристи на манастири во Демир Хисар со акцент на презентација на научно - истражувачката дејност;

3. Поддршка на извозно ориентираните компании од Демир Хисар преку бесплатна регистрација на платформа за промоција на нивните производи;

4. Поддршка на извозно ориентираните компании од Демир Хисар преку бесплатна промоција на нивните производи на меѓународни саеми во странство.

Сојузот на синдикатите на Македонија беше главниот иницијатор за основање на Локални економско-социјални совети, а ЛЕСС на Општина Демир Хисар е последно основан и каде што редовно се одржуваат седници на кои се дискутираат сите отворени прашања на локално ниво.

Општина Демир Хисар - официјална страница

MKC Bitola

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.