Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КРЕИРАМЕ НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА НА СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА

КРЕИРАМЕ НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА НА СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА

Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на ITUC и Union to Union заедно со професорите и поранешни Министри за финансии, д-р Никола Поповски и д-р Драган Тевдовски, започна процес на изнаоѓање на нова методологија на пресметка на Синдикалната минимална кошница.

На денешниот прв состанок, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Потпретседателот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски, Шефот на кабинет, Лиле Петрова, Соработникот за економски прашања, Светлана Димоски и Љубица Дековска ги запознаа професорите со потребата од подобрување на методологијата за пресметка на Синдикалната минимална кошница.

Целта е да се дојде до подобрена пресметка на Синдикалната минимална кошница во која подобро ќе бидат евидентирани основните потреби на едно четиричлено семејно домаќинство.

Синдикалната минимална кошница е креирана во 2011 година и истата до сега претставуваше единствен релевантен показател и пореален модел на пресметување на трошоците на живот за претпоставено домаќинство односно четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил.

Синдикалната минимална кошница беше причината за донесување на Закон за минимална плата, а истата беше основа во преговорите на синдикатите за сите зголемувања на платите до денес, како и за склучување на Колективните договори.

Очекуваме до крајот на годината да биде претставена новата пресметка на Синдикалната минимална кошница која уште пореално ќе ги отсликува основните потреби на четиричлено семејно домакинство. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.