Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција - Довербата и партнерство се срцето на проширувањето на ЕУ „Trust and Partnership at the Heart of EU Enlargement“, организирана од страна на Европскиот економско социјален комитет, Европската комисија и Австриската федерација на синдикати (OG

На конференцијата свое обраќање имаа Шеамус Боланд, Претседател на Европскиот економско социјален комитет (ЕЕСК), Волфганг Кацијан, Претседател на Австриската федерација на синдикати (OGB) и претседател  на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), Томас Вајц, член на Европскиот парламент и Известувач за Западен балкан, а покрај другите учесници, на конференцијата учествуваше и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов .

Повторно беше испратена јасна порака дека работниците, синдикатите и граѓанското општество мора да имаат суштинска улога во процесот на проширување на Европската Унија.

Во своето обраќање, Волфганг Кацијан – претседател на Австриската федерација на синдикати и претседател на Европската конфедерација на синдикати – истакна дека ,,нема суштински социјален напредок без силен социјален дијалог и активно учество на синдикатите.

- За оној што ги намалува работничките права, што ги напаѓа синдикатите и каде што нема реален социјален дијалог, не треба да има место во Европската унија"

Беше потенцирано дека иднината на регионот е поврзана со европските вредности, но и со обезбедување достоинствени услови за работа, социјална правда и почитување на работничките права.

Важен дел од дискусијата беше посветен и на соработката со социјалните партнери на Западен Балкан во евроинтеграциските процеси, како предуслов за стабилни и праведни општества.

Нема напредок без силни синдикати и без суштински социјален дијалог. Патот кон ЕУ треба да значи подобри услови за работниците, поголема социјална правда и активно учество на синдикатите во процесите на одлучување, беше еден од заклучоците на конференцијата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.