Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Колку повеќе синдикално организирани работници, толку повеќе синдикално обезбедени работнички права !

Јубилејната награда претставува парична награда за работникот обезбедена од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со колективен договор, со која се признава и наградува долготрајната работа на работникот кај еден работодавач, а истовремено работникот се поттикнува на лојално и посветено работење.

ССМ со Општиот колективен договор за приватниот сектор обезбедил работниците да имаат право на исплата на јубилејна награда.

Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закон и колективен договор и тоа за јубилејна награда во висина на основицата - за најмалку 10 години работа кај ист работодавач.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

Во приватниот сектор кај работодавачите каде што работниците се организирани во синдикат во ССМ, утврдени се и повисоки износи за јубилејна награда за 20, 30 и 40 години работа.

ССМ со Општиот колективен договор за јавниот сектор исто така обезбедил работниците да имаат право на исплата на јубилејна награда.

Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата, утврдени со закон и колективен договор, а јубилејните награди се исплаќаат за непрекината работа кај ист работодавач за најмалку 10, 20, 30 и 40 години работен стаж во висина од најмалку:

- 50% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 10 години стаж;

- 100% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 20 години стаж;

- 150% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 30 години стаж и

- 200 % од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 40 години стаж.

БЕЗ СИНДИКАТ НЕМА ЈУБИЛЕЈНА НАГРАДА

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.