Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Колку од ветеното од Владата кон ССМ е остварено?

„Владата работи спротивно на интересите на работниците, а курсот по кој се движи не е во насока на заштита и унапредување на работничките права“

„Укинувањето на колективните договори, а ветуваа дека ќе бидат почитувани конвенциите на меѓународните организации во делот на колективното преговарање, нивното ветување дека до 31.12 ќе биде потпишан новиот колективен договор за јавниот сектор и на тој начин ќе биде елиминирана позитивната дискриминација во делот на регресот, дека ќе биде утврдена методологија за исплата на плати, тоа еве не се случи и излезе дека е една голема лага“, изјави Слободан Трендафилов, ССМ.

Од тоа што е остварено, пак, синдикатите велат дека е добиено со многу напор и протести.

ССМ се противи и на новиот закон за систем на плати според кој работниците на иста позиција ќе земаат еднаква плата. Децидни се дека 140 илјади јавни службеници ќе бидат казнети ако одат на одмор или обука со тоа што ќе ја земаат само сумата за основна плата. Освен тоа, вработените ќе земаат додатоци само ако институцијата има пари, а покачувањето ќе оди многу тешко и бавно, смета Трендафилов.

„Колективните договори веќе нема да постојат. Нема да постојат одредбите за утврдување на плати. И главниот момент кој за нас како синдикати е важен е тоа што повторно вредноста на бодот или коефициентот на сложеност ќе биде утврдуван по предлог на МФ. Владата ќе го предложи до Собранието, а Собранието ќе го изгласа без никаков социјален дијалог. Се елиминира социјалниот дијалог, се елиминира улогата на економско-социјалниот совет како советодавно тело на владата“, изјави Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.