Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Јавни протести на 7 и 14 ноември

 

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната седница ги одреди датите за одржување на јавните протести. На 7 ноември во попладневните часови ќе се одржат протести во повеќе градови, и тоа во Струмица, Штип, Велес и Куманово. Охрид и Струга ќе одржат заеднички протест во Охрид, исто така и Прилеп и Битола, во еден од овие два града. Централниот јавен протест ќе се одржи на 14 ноември во Скопје.

Мотивите за одржување на овие јавни протести во прв ред се однесуваат на измените во Законот за работни односи, за кои ССМ укажува дека се поништување на многу работнички права.  Следните барања се: одредување најниска плата, Закон за пензионирање, со можности за пензионирање со стаж, не само со старост и Закон за стечајни работници. Петтото барање е Владата да превземе мерки за заштита од високите цени и да донесе програма за спречување на падот на животниот стандард.

ССМ најавува дека одземањето на правата на вработените не се завршени со измените донесени во месец август, туку дека Владата припрема нови измени со кои ќе се скусат уште права на работниците. Актуелните измени во Законот за работни односи негативно ги оценија Меѓународната организација на трудот и меѓународните синдикални организации.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.