Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СГИП И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР, ИВАН ПЕШЕВЕСКИ

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП, Иван Пешевски истакна дека во текот на 2022-ра година како синдикат овозможиле бесплатна правна помош и правна заштита на над 1.000 работници во секторот градежништво и индустрија за градежни материјали.

Посочи и дека платите на работниците во компаниите каде што има синдикат уште на самиот почеток на 2022 година почнале да се зголемуваат, а се исплаќа К-15 кој во компаниите од индустријата за градежни материјали се исплатил во висина од 100% од просечната плата, а биле исплаќани и бонуси како и тоа што во една компанија сите работници станале акционери што треба да биде доволен мотив и другите градежни работници да се приклучат на Синдикатот СГИП.

За останатите предизвици на работниците во градежништвото и приватниот сектор повеќе можете да прочитате на линкот:

https://www.facebook.com/photo?fbid=190516163577160&set=a.164572716171505

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.