Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Иницијативи и активности на ССМ, како и остварени придобивки за унапредување на работничките права во време на Ковид-19

Минатата 2020 и оваа 2021 година нашата држава заедно со државите од целиот свет функционираат во сложени услови на сериозна здравствена криза предизвикана од вирусот Корона.

Основна наша цел е заштита на животот и здравјето на населението и одржлив развој на економскиот и општествениот живот.

Во вакви, за човештвото историски непознати предизвици, особено е значајна улогата на синдикатите кои имаат клучно значење за обезбедување на елементарните егзистенцијални права на работниците и нивните семејства.

Целта на ССМ е да се обезбеди солидарен и недискриминаторски пристап при креирањето на активности и мерки за ублажување на последиците од здравствената криза и обезбедување на еднакви права и обврска за сите граѓани.

Ангажманот на ССМ е сериозен, стручен и соодветен, а како резултат на тоа препознаен од членството, работниците и граѓаните, при тоа испорачаните резултати во правец на унапредување на работничките права се следните

Обезбедивме да не се суспендира важењето на ЗРО и КД во услови на Ковид криза, па така обезбедивме почитување на работничките права и при прогласена вонредна состојба во државата

Го афирмиравме социјалниот дијалог во услови на Ковид криза во насока на учество на синдикатот рамноправно со сите социјални партнери во креирањето на мерките и активностите за одржување на економското и општественото функционирање на државата.

Активно учествувавме во креирањето на 5-те пакет мерки за финансиска поддршка на компаниите, а при тоа основна цел на делувањето на ССМ беше редовно да се исплатуваат платите на работниците, како и да се задржат работните места и ниту еден работник да не остане без егзистенција за себе и своите семејства.

ССМ ја следеше имплементацијата на мерките за финансиска поддршка на компаниите и пријави злоупотерба од страна на некои несовесни работодавачи кои финансиската поддршка од Владата не ја исплатија за плата на работниците иако истата беше за тоа наменета. Пријавите на ССМ предизвикаа контроли од страна на на надлежните државни институции, платата им беше исплатувана на работниците, а несовесните работодавачи беа казнувани.

ССМ предложи државната финансиска поддршка за плата на вработените да се исплатува дирекно на сметка на вработените. Предлогот беше прифатен од институциите кои треба да обезбедат начин и техничка можност за реализација на овој предлог.

Се залагавме работодавачите целосно да ги почитуваат законските обврски за обезбедување на здрави и безбедни услови за работа, односно да обезбедат средства за лична заштита на вработените и како и да обезбедат средства за хигиена и дезинфекција на работните простории како примарна мерка за заштита од Ковид 19

Укажуваме на потребата од ротација на работните места и афирмација на работата од дома со целосно почитување на правата од работен однос

Предложивме и по пат на социјален дијалог обезбедивме донесување на законски мерки за заштита на ранливите категории на населението, хронично болните, возрасните лица, бремените жени и децата

ССМ како репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата, по пат на социјален дијалог обезбеди почитување на Законот за минимална плата во Државата и во услови на здравствена криза и зголемување на минималната плата, а со тоа обезбедивме сигурност на најниско платените работници.

Сојузот на синдикатите на Македонија во континуитет се залага и бара зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува најмалку 60% од просечната плата во државата, а се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства, а зголемувањето на минималната плата треба да биде основа за скалесто зголемување на платите на работниците.

По пат на совети, правни мислења, изготвени барања, акти, приговори и тужби обезбедивме правна заштита за права од работен однос за над 80000 работници

Остваруваме соработка со ДИТ, граѓанскиот сектор и компаниите во насока на решавање на проблемите на работниците, односно ССМ континуирано одржуваше средби со претставници на Државниот инспекторат за труд, граѓанскиот сектор и претставници на компаниите и на тој начин спогодбено беа остварени голем број работнички права.

Воведовме онлајн апликација ССМ- мои работнички права за брза и ефикасна достапност за членството, обезбедување на правна заштита на работничките права и истата ја реализираме во соработка со ДИТ

Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита, обезбедија во Правилникот за листа на професионалните болести, Ковид 19 да се смета како професионална болест, за здравствените работници.

На предлог на ССМ се обезбеди плаќање на надомест на плата во висина од 100% во случај на изолација поради изложеност на вирусот за вработените во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија предложи и побара во Правилникот за листа на професионалните болести, Ковид 19 да се смета како професионална болест, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид 19. ССМ иницираше да се преземат активности за целосна реализација на правото на надомест на плата во висина од 100% од законската основица за работниците заболени или во изолација поради изложеност на вирусот.

Владата ја прифати иницијативата на ССМ за законско уредување на правото недела да биде неработен ден за сите работници, преговорите сеуште течат и постапката е во тек. При покренување на иницијативата ССМ поаѓаше од потребата за заштита и унапредување на семејните вредности и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, како и потребата и грижата за заштита на здравјето на работниците и граѓаните.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.