- Македонски
- English
ИМА И ТАКВИ ШТО САМО ГИ УЖИВААТ ПРАВАТА ЗА КОИ СЕ ИЗБОРИЛЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТОТ
Вечниот судир меѓу трудот и капиталот работниците се секогаш послабата страна, работничката моќ се состои само во силна синдикална организација, во силно меѓународно синдикално движење и во бројноста на членството.
Бројноста на членството на синдикатите здружени во ССМ, а со тоа и бројноста на Сојузот на синдикатите на Македонија дава сила за колективно преговарање и склучување на колективни договори во интерес на работниците.
Колективното преговарање и договарање го финансираат членовите на синдикатите, а придобивките од Колективните договори ги уживаат сите !
Немој да бидеш од тие што не се бори, а ги ужива правата за кои се изборил друг!
Тие што чекаат друг да се избори , за потоа да ги уживаат придобивките, даваат ветар во грб на работодавачите и ги поткопуваат преговарачките позиции на синдикатите !
70.000 ченови на ССМ од 700.000 работници постигнаа многу, но само 1 (еден) од 10 (десет) работници се бори, а 9 (девет) чекаат на 1 (еден) да се избори!
Тоа е исто како само еден да части пиво, а девет само да пијат !
Не се криј зад врата кога тебе ти е редот да ,,почастиш" ( да се бориш и да се придружиш во синдикат) !
Сами можеме толку, заедно можеме повеќе !