Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Идентификување на приоритети за новата Програма за достоинствена работа 2026 - 2030

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и потпретседателот на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски како претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија учествуваа на работилницата за идентификување и дефинирање на приоритетите на Програмата за достоинствена работа 2026–2030, која се одржа во Скопје, во организација на Меѓународната организација на трудот, со учество на Владата, синдикатите и организациите на работодавачи.

На работилницата беа презентирани состојбите во земјата од перспектива на достоинствената работа и беше објаснета методологијата за утврдување на приоритетните области кои ќе ја насочуваат идната соработка во периодот 2026–2030 година.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека Програмата за достоинствена работа е основа за креирање услови за пристојни плати, пристојно работно време и пристојни услови за работа, потенцирајќи дека нејзиното успешно спроведување во голема мера зависи од луѓето и од активната улога на сите социјални партнери.

ССМ продолжува активно да се залага за политики што обезбедуваат достоинствена работа, сигурни работни места и повисоки плати за сите работници.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.