Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Денес е светски ден на достоинствениот труд

 

Денешниот ден во меѓународни рамки се одбележува на Светски ден на достоинствениот труд.

Како концепт и како програма е установен од страна на Меѓународната организација на трудот во 1999 година, кога е прецизно дефинирано значењето на достоинствениот труд, додека толкувањата се пошироко прифатени во меѓународната заедница. Основачкиот конгрес на Меѓународната конфедерација на синдикатите одлучи 7 октомври 2008 година во целиот свет да се добележи на Светски ден на достоинствениот труд.

Денес Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC) и Европската конфедерација на синдикатите (ETUC) ќе го одбележат денот со собир во Брисел, на кој ќе зборуваат генералните секретари на двете конфедерации, Гај Рајдер и Џон Монкс. Истите личности ќе зборуваат и на прославата во попладневните часови на плоштадот Трокадеро во Париз.

Достоинствениот труд има четири компоненти: вработување, права, заштита и дијалог. Достоинствениот труд се заснова на уверението дека сите четири компоненти се потребни за создавање најдобра перспектива за социјален напредок и за развој.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.