Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да ги блокираме. 

Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да и мрзнат на Владата на улица само за да ги блокираат како што овие ги блокираат работниците, некои 36 години, некои две години, а некои една година.

Како што најавивме втората фаза активности на ССМ заедно со работниците посветени на зголемување на работничките плати продолжува утре, на ден 12.02.2026 година (четврток) со блокада на Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора во 12 часот.

За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.