- Македонски
- English


ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, упатува искрени честитки до сите работници и граѓани на Македонија.
Денот на независноста – 8 Септември – е ден кога го одбележуваме раѓањето и го славиме опстојувањето на независна и суверена Македонија.
Овој ден претставува остварување и продолжение на вековниот стремеж, трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации кои живееја со идејата и сонот за слободна и самостојна држава.
8 Септември нè потсетува на патот што сме го изминале и на предизвиците што сме ги надминале, но истовремено ни дава сила, мудрост и надеж да продолжиме напред, градејќи подобра, посилна и поправедна Македонија за сите нејзини граѓани.
Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!
Со почит,
Претседател,
Слободан Трендафилов