- Македонски
- English
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов им го честита Денот на полицијата, 7 Мај, на сите членови на Македонски полициски синдикат , на сите членови на Независен Синдикат на Полицијата, како и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи.
Македонската полиција постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост.
Сојузот на синдикатите на Македонија за вработените и припадниците на Македонската полиција обезбеди регрес за годишен одмор (К-15), а во наредниот период ја започнува борбата за зголемување на платите затоа што вработените во полицијата оваа години не добија зголемување на нивните плати, а заслужуваат повисоки плати, пристојни и безбедни услови за работа и вреднување на нивниот труд.
Нека е честит празникот, Денот на полицијата, 7 Мај!