Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ОД ССМ ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

По повод 23 Октомври – Денот на револуционерната борба на македонскиот народ, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов упатува срдечни честитки.

За македонските работници, за Сојузот на синдикатите на Македонија како нивна организација, ова е исклучително значаен Празник. Борбата за национална слобода е и борба за остварување на вековните стремежи на македонските работници за нивните социјални права, за елементарните права од трудот, против безмилосната експлоатација.

Денес секој работник и секој граѓанин ги чувствува придобивките од извојуваната победа за национално ослободување и за социјална правда.

Остварени се стремежите да живееме во современо, демократско општество во кое постои широк простор и можност за секого со труд да ја обезбедува егзистенцијата.

Со почит,
Претседател на ССМ
Слободан Трендафилов

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.