Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ И БАРАЊАТА НА ССМ ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ СИНДИКАЛНИ СЕМЕЈСТВА

Сојузот на синдикатите на Македонија доби целосна поддршка од меѓународните синдикални семејства  изразена во заедничкиот допис испратен од страна на Шаран Бароу - Генерален секретар на ИТУЦ и Лука Висентини - Генерален секретар на ЕТУЦ со кој се поздравуваат и вреднуваат активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, особено во ангажманот на ССМ во овој тежок период на борба против пандемијата со Ковид-19, за развој и спроведување на соодветни програми за поддршка на работниците и економијата во Државата.

Поздравени се и активностите и барањата на ССМ по повод Меѓународниот ден на трудот, како што се наведува во дописот: „Во вашиот говор посветен на Први мај, ја истакнавте релевантноста на солидарноста, единството и кохезијата во справувањето со здравствената криза и нејзините економски и социјални последици. Нагласивте дека ССМ очекува Владата на Република Северна Македонија - покрај активностите насочени кон управување со кризата и стабилизирање на економијата - да започне со исполнување на ветувањата содржани во нејзината владина програма и исто така да го зајакне социјалниот дијалог.„

Активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија се широко препознаени, како од граѓаните и работниците, од нашите Социјални партнери, така и од нашите браќа и сестри од Европската и Светската конфедерација на синдикати.

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат и обединувачки фактор, под мотото Здружени со иста цел, во изминатиот период направи многу позитивни чекори кон добра соработка меѓу синдикатите на национално ниво.

Во наредниот период, под мотото: Здружени со иста цел, заедно со работниците, продолжуваме да ги остваруваме нивните барања и да ги решаваме нивните проблеми.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.