- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија на вчерашната седница на Економско социјалниот совет беше единствениот синдикат кој побара зголемување на платите на работниците.
259.653 работници примаат плата под 32.000 денари, 186.753 работници примаат плата под 450 евра !
Колку од вас ќе застанат со нас во борбата со газдите од приватниот сектор за зголемување на минималната плата на 450 евра !?
Работниците во приватниот сектор не можат да живеат со мизерните плати кои им ги плаќаат газдите !
„Дава 100 денари К-15, а купува Порше и вели има потешкотии во работата“, вели Иван Пешевски Претседател на СГИП и Потпретседател на ССМ за приватен сектор
,,Не можеме ние да издржиме повеќе да живееме со такви мизерни плати кои ги даваат работодавачите во приватниот сектор. Тие може да кажуваат, да даваат изјави дали треба да се зголемат платите, дали не треба да се зголемат платите меѓутоа да внимаваат следниот пат кога ќе кажуваат дека нема работна сила во Македонија. Најголемите виновници за иселување на квалификуваните работници од Македонија се токму тие, потенцира Слободан Трендафилов Претседател на ССМ.
Силата на синдикатот е во неговата бројност, ако работиш во приватен сектор и не си задоволен од твојата плата приклучи ни се во ССМ, заедно можеме се !