Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Ако X (21) + Y (21) = Z (42),  тогаш 42 работници ќе ги блокираат пратениците пред Собранието

Прво ги блокираме пратениците на 10.02.2026 година (вторник), пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот, а БЛОКАДАТА ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците - “11-ти Октомври“ и “Даме Груев”.

Ги блокираме пратениците затоа што 14.369.470 денари е сумата која пратениците во македонското Собрание ја земале за патни трошоци во 2025 година. Рекордерот за 2025 година според инфирмациите од медиумите е Кире Божиновски, кој земал 637.233 денари, а е од Битола. Веднаш зад него е и минатогодишниот рекордер Петар Ристески со 602.187 денари.

На тие пари за патни трошоци, минатата година не поддржа зголемување на минималната плата и зголемување на сите останати плати за најмалиу 6.000 денари,а не поддржуваат и оваа година !

Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79% зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд  ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати.

За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањети на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).

Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за работниците е срамно!

Ќе мораат да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците (нивните гласачи) или ќе гласаат за работниците !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.