Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

500.000 РАБОТНИЦИ ЈА НАПУШТИЛЕ ДРЖАВАТА ЗА 10 ГОДИНИ ПОРАДИ ЛОШИ ГАЗДИ И ЛОШИ ПОЛИТИКИ

Синдикалците возвратија, работодавачите упорно бараат некои права од работен однос коишто повторно ќе бидат на грб на работникот, односно на државата и буџетот. Од ССМ сметаат дека со самиот факт дека во последните 10 години државата ја напуштиле 500.000 работници говори за фактот дека секогаш се задоволуваат апетитите на работодавачите а не и на двигателите на економијата, работниците. Бараат ваквите предлози да бидат отфрлени и да не се вметнуваат во законот за работни односи бидејќи според синдикалците целта е да се удри по буџетот на државата со цел работодавачите да си го олеснат финансискиот дел.

„Сметам дека одредени права сакаат само да ги стават на товар на државата, и на товар на работникот, како да се намали нивниот трошок кога некој работник е отсутен – на боледување. Од 30 на 15 дена, не знам колку е тоа, ако имаат тие некоја статистика ама не верувам дека имаат и дека се некои милионски суми каде што тие се оштетени како компании, напротив штом државата не се бунела до сега за такво отсуство од работа и немаа таков предлог во новиот предлог закон што треба да биде прифатено од 3 страни, верувам дека ќе биде отфрлено како барање и дека не држи вода таквиот нивни предлог. Не треба да с егенерализираат работите и одредбите во законот, вакви одредби не треба да стојат или да с енамалуваат бидејќи сето тоа што не с епочитува како Закон си има Државен инспекторат за труд, ФЗО ако има злоупотреби си има посебна Комисија која што ги праќа тие како инспектори и го проверуваат боледувањето, ние каде што имаме дисциплински постапки за злоупотреба на боледување јавно кажувам дека не ги браниме и не ги штитиме тие работници бе зразлика што се наши членови или не на Синдикатот.“ - вели Иван Пешевски, претседател на СГИП.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.