- Македонски
- English
33 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ
Пред точно 33 години, на 05.04.1991 година е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).
Синдикатот на УПОЗ е единствен репрезентативен синдикат во управата и правосудството и единствен синдикат кој и во минатото и денес организирал штрајкови и во управата и правосудството.
Во јавноста Синдикатот на УПОЗ е препознаен и по големиот број на протести, разните активности за подобрување на правата на членовите и вработените, како и унапредување на правата преку колективни договори.
И натаму ќе продолжиме да ги застапуваме, заштитуваме и унапредуваме правата на членовите на Синдикатот на УПОЗ.