Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

250 ЕВРА ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ.25 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ.

Фунционерите ги оставија работниците сами да се договорат со газдите за зголемување на минималната плата, а од друга страна истите функционери не разговараат со работниците затоа што ќе им се зголемат платите од 200 до 300 евра во месец февруари оваа година.

Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Член 10 предвидува дека ,,Платата на функционер и на раководен работник се утврдува на начин што основицата за пресметување на плата се множи со утврдениот коефициент и се зголемува за процентот за работното искуство.

Работното искуство се вреднува така што платата во месечен износ се зголемува процентот утврден за работното искуство од 0,5% за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20%." , а во Член 11 предвидува дека ,,Основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика."

Истите функционери одбиваат да дадат поддршка на работниците и да го прифатат барањето за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатитите работнички плати, па се фалат дека само ќе го почитуваат Законот за минимална плата кој предвидува само усогласување, а не и зголемување на минималната плата врз основа на критериумите согласно кои истата би се усогласила за околу 25 евра од месец март.

Тоа значи дека на едно работничко семејство му се потребни 2,6 минимални плати за да ги покрие само најосновните потреби, односно за една Синдикална минимална кошница, а еден функционер со својата плата може да си дозволи 2 до 2,5 Синдикални минимални кошници.

За функционерите можеби е оправдано да не излезат на протест, но колку е оправдано работниците кои не се функционери да не излезат на протест.

Моќта е во работниците затоа што работниците ги бираат функционерите, а функционерите одбираат да не ги поддржат работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.