- Македонски
- English

24-ТИ СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА МПС

Во Охрид, од 18 до 20 септември, се одржаа 24-тите Спортски игри и средби на членовите на Македонски полициски синдикат (МПС).
На настанот учествуваа 450 членови и гости, со учество на претставници од 21 Совет на МПС, домашни синдикати и синдикални организации од повеќе европски земји.

На отварањето се обрати и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов , кој ја истакна важноста на синдикалното единство, солидарноста и заедничкото делување во заштитата и унапредувањето на работничките права.

Во рамки на игрите, учесниците се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, а севкупен победник беше Советот на БЈБ.
Спортот, дружењето и синдикалната солидарност ги обединија членовите од целата држава и гостите од странство.