Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

12 ч. РАБОТЕН ДЕН, ТЕШКО ПОВРЕДЕН ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК, РАБОТА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА

12 ч. РАБОТЕН ДЕН, ТЕШКО ПОВРЕДЕН ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК, РАБОТА ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА

Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикат за градежништво - СГИП изминатиот период водеа борба против воведувањето на 12 часовен работен ден, укажуваа дека особено поради тешките услови за работа, изложеноста на високи температури, ќе доведе до повреди на работниците како и до опасност од смртни случаи на работно место.

За жал, денеска, со жалење ја добивме информацијата дека градежен работник е тешко повреден на работно место додека извршувал градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар - Кичево од „Коридор 8“, а особено поради имформациите дека случајот е пријавен во 13.05 часот, од Медицинскиот центар - Гостивар каде бил донесен повредениот, со што се потврдува дека се работело во портокалова фаза, спротивно на препораките на Владата, онаа иста Влада која овозможи со Закон да се работи 12 часа дневно, а за кој синдикатите жестоко реагираа, а се случи оваа тешка повреда.

Одговорност треба да има не само од страна на уапсениот, туку и од страна на сите инволвирани во носењето на законот за 72 часовна работна недела и 12 часовен работен ден.

Бараме да се преземат сите мерки од страна на надлежните институции за да се спречи вакви повреди во иднина, како и веднаш да се укинат спорните одредби од Законот за работните односи со кој се овозможи градежните работници на коридорите 8 и 10д да работат во не хумани услови, спротивно принципите за достоинствена работа.

Мора да се овозможи работниците безбедно да ги извршуваат своите работни задачи и безбедни, живи и здрави да се вратат кај своите семејства на крајот од работното време.

Чекајќи го новиот Закон за работните односи се заборавија и измените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа кои исто така ССМ и СГИП ги предложија пред повеќе од три години.

По број на вработени во државата наспроти број на повреди и жртви сме лидери не само во Европа туку во светот.

СГИП повеќе од 10 години чека од "владините експерти" да направат и дадат бенефициран стаж за градежните работници, која иницијатава беше прифатена, но сеуште не е реализирана!

 ДА СЕ РАБОТИ БЕЗБЕДНО И ЗДРАВО Е НАШЕ ЛЕГИТИМНО ПРАВО 

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА ЗА СЕКОЈА ПОВРЕДА НА РАБОТНО МЕСТО

Одговорност мора да има, ќе предложиме во новиот Закон за БЗР секоја повреда или жртва кај работодавачи кои не почитувале препораки и мерки да се казни со кривично дело-обид за убиство ! 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.