Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

110 Меѓународна конференција на трудот

Од 27 мај до 11 јуни, претставниците на владите, работниците и работодавачите од 187 земји-членки на МОТ разговараат за прашањата поврзани со светот на работата на 110 Меѓународната конференција на трудот (ILC). Оваа година, безбедноста и здравјето при работа, практиканство, како и социјалната и солидарната економија се меѓу точките на агендата на Конференцијата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на специјална покана ќе учествува на утрешната сесија на Меѓународна конференција на трудот и ќе ја искористи можноста да одржи состаноци со колеги од братските синдикати како и со првите луѓе на Европската и Светската конфедерација на синдикати каде што Сојузот на синдикатите на Македонија е полноправен член и да ги информира за најновите состојби поврзани со активностите на ССМ за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и за претстојниот генерален штрајк во јавен сектор.

Истовремено ќе информира и за затајувањето на социјалниот дијалог во поглед на зголемувањето на платите и потпишувањето на Општиот колективен договор за јавен сектор и за неоправданите напади кон ССМ од страна на политички партии со цел да се минира процесот за унапредување на работничките права и да побара нивна поддршка

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.