- Македонски
- English
08.04.2024, 09:00ч. РАБОТНИЧКИ ДОМ, 10:00ч. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија поддржан од Сојузот на синдикатите на Македонија организира ПРОТЕСТ за да го изрази незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност кој го подготви Самостојниот Синдикат за здравство, а со кој требаше да се зголемат платите на сите вработени во дејноста.
Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот.
Ги повикуваме политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како наш иден социјален партнер да одвојат време да седнат со синдикатот и да ги слушнат барањата.
Протестираме за да покажеме дека сме тука, дека не отстапуваме од нашите барања за зголемување на платите на вработените во дејноста и веруваме дека ќе бидеме слушнати.
Ако не нѐ слушнат ќе се вратиме повторно и ќе се вратиме побројни.
Сојузот на синдикатите на Македонија веќе предупреди дека здравството е многу значаен сектор, вработените во здравство заслужуваат повисоки плати и не смее никој да си поигрува со нивното достоинство.
Затоа, никој повеќе нема изговор, работниците дигаат глас, придружи ни се на ПРОТЕСТОТ !