Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Денеска во Скопје се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа, на настан организиран од Советот за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во рамките на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

На настанот свое обраќање имаа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, директорката на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти (Claire Harasty), како и Иван Пешевски, претседател на СГИП и потпретседател на ССМ за приватен сектор.

Во фокусот на дискусиите се унапредувањето на безбедноста и здравјето на работните места, грижата за менталното здравје на работниците, превенцијата на психосоцијалните ризици и развојот на култура на превенција, со споделување добри практики од домашните компании.

На настанот учествуваат претставници на државните институции, Делегацијата на Европската Унија, МОТ, Европската агенција за безбедност и здравје при работа, организациите на работодавачи, синдикатите, компаниите и стручната јавност.

Во рамките на настанот ќе бидат доделени и националните награди за добра практика во областа на безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Безбедноста и здравјето при работа се основно работничко право. Секој работник има право на безбедна и здрава работна средина, заштита на своето здравје и достоинствени услови за работа.

Превенцијата, доследното почитување на законите и одговорноста на сите чинители се клучни за заштита на животот и здравјето на работниците.

#ССМ #БезбедностИЗдравјеПриРабота #РаботничкиПрава #ДостоинственаРабота

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.