- Македонски
- English

ЧЕСТИТКА ОД ССМ ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во свое лично име претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упатува искрени честитки до сите граѓани.
За македонските работници и за Сојузот на синдикатите на Македонија, како нивен глас и претставник, овој празник има посебно историско и општествено значење. Борбата за национална слобода и независност е нераскинливо поврзана со стремежите за социјална правда, достоинствен живот, работнички права и заштита од експлоатација.
Вредностите на слободата, солидарноста и правдата се темел врз кој се гради општество во кое трудот се почитува, работникот е достоинствено платен, а секој човек има еднакви можности за подобра иднина.
Денес, со почит кон историското наследство и жртвите на македонската револуционерна борба, наша обврска е да продолжиме да се залагаме за општество во кое слободата не е само историска придобивка, туку и секојдневно остварено право, а социјалната правда и достоинството на работникот се вистински вредности, а не само декларативни заложби.
ССМ останува посветен на борбата за заштита и унапредување на работничките права, за праведно вреднување на трудот и за подобар животен стандард на сите работници.
Со почит,
Претседател на ССМ
Слободан Трендафилов ЧЕСТИТКА ОД ССМ ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Слободан Трендафилов