- Македонски
- English

ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Прагот на сиромаштијата во Македонија изнесува 31.200 денари , а 33% или околу 180.000 работници од 540.000 вработени живеат со плата под прагот на сиромаштијата или одат на работа, а се сиромашни.
Политичка е одлуката овие луѓе да живеат во сиромаштија, односно да работат, а да се сиромашни, затоа што доколку се зголемеше минималната плата, немаше да има ниту еден работник кој ќе живее со приходи под прагот на сиромаштија во Македонија.
Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува од 1987 година, кога илјадници луѓе се собрале во Париз за да им оддадат почит на жртвите на сиромаштијата, гладот и насилството и да порачаат дека сиромаштијата претставува повреда на човековите права.
Во 1992 година, Генералното собрание на Обединетите нации официјално го прогласи 17 октомври за Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата.