- Македонски
- English


18.Конгрес на СИЕР
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид.
На конгресот присуствуваа делегати од сите синдикални организации во составот на СИЕР, како и гости од земјата и странство.

На конгресот како највисок орган на СИЕР кој се одржува на секои 5 год., се врши избор на претседател, членови Совет, членови на Претседателството, членови на Статутарната комисија како и на Надзорниот одбор. Исто така врши измени и дополнувања на Статутот на СИЕР , расправа и за други прашања кои се од значење за СИЕР.
18. Конгрес на СИЕР избра/реизбра претседател на СИЕР- Игор Ѓерасов.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во име на ССМ и во свое лично име ги поздрави Делегатите на 18 Конгрес на СИЕР и му го честита изборот на Игор Ѓерасов за Претседател на СИЕР.