Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ СО БЕKИМ САЛИ МИНИСТЕР И ПРВ ЗАМЕНИК - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА И РЕКТОРОТ БЕKИМ ФЕТАЈИ

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ СО БЕKИМ САЛИ МИНИСТЕР И ПРВ ЗАМЕНИК - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА И РЕКТОРОТ БЕKИМ ФЕТАЈИ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска оствари средба со Беким Сали, министер за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата на Република Македонија, проф. др. Беким Фетаји, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и делегација од Универзитетот.

На средбата, која се одржа во ССМ и Работничкиот дом, покрај другото беше разговарано за соработката меѓу ССМ и Универзитетот „Мајка Тереза“, како и за создавање соодветни услови за работа на Универзитетот, имајќи го предвид зголемениот број студенти во оваа академска година.

Во разговорите беше истакната и важноста на унапредувањето на работничките права, достоинството на трудот и социјалниот дијалог, како основа за создавање подобри услови за работа и развој на општеството.

ССМ останува посветен на градењето партнерства со институциите и академската заедница, во интерес на работниците, младите и идните генерации.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.