Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДИТ И КСЗД НА ВТОРИОТ ДЕН ОД КОНФЕРЕНЦИЈА: СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО СКОПЈЕ И ТИРАНА

СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДИТ И КСЗД

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД КОНФЕРЕНЦИЈА: СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО СКОПЈЕ И ТИРАНА

Вториот ден од дводневната Конференција за социјален дијалог, репрезентативноста на синдикатите и работничките права која се одржува во Работничкиот Дом на ССМ во соработка со Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија и на Меѓународниот центар „Олаф Палме" беше посветен на работничките права, прекршувања на работничките права и правната рамка и постапките за нивна заштита на која покрај претставници на ССМ и гранковите синдикати здружени во ССМ, присуствуваа и претставници од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во рамките на истата беше организирана и Панел дискусија на која учество покрај Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов, Претседателот на АГРО Синдикат Игор Китаноски, Претседателката на ССДМ Слаѓана Миливојевиќ, Претседателот на СГИП Иван Пешевски и Претседателката СКРМ Вера Атанасовска земаа претставници на Гранските синдикати здружени во ССМ како и Грозданка Тилева, Анета Зафироска и Јован Јовановски од ДИТ и Зекир Абдулов од Комисијата за спречувањеи заштита од дискриминација.

Правната заштита на работниците е еден од главните приоритети како на Сојузот на синдикатите на Македонија, така и на ДИТ и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а преку нашата соработка настојуваме и се залагаме за брзо и ефикасно постапување секогаш кога работниците се обраќаат и бараат правен совет и секако правна заштита од нашите стручни служби.

За време на Панел дискусијата се дадоа одговори на мошне значајни прашања, а особено се разговараше за тоа дали работниците ги препознаваат ССМ, ДИТ и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како институции кои можат да им помогнат кога се прекршени нивните работнички права, кои се најчестите пријави кои стигнуваат до нас и каков е текот на постапката за заштита. Исто така се дискутираше за тоа дали стручните служби на ССМ, инспекторите на ДИТ и членовите на Комисијата при постапувањето како и самите работници кои пријавуваат прекршување на работничките права се соочиле со притисоци и што може во иднина да се направи за да ја снема таа мошне негативна појава.

Со активно учество на сите присутни се разговараше и за тоа дали работниците се запознаени со своите ⁷права, но и дали имаат храброст да пријават прекршување и да ги водат постапките до крај.

За крај беа споделени искуствата во рамките на своето работење кои ги имаат секој од учесниците, но и беа дадени предлози за тоа како може да се подобри нашата работа и нашето постапување во иднина, а сето тоа во име на заштита на работниците и унапредување на работничките права.

ССМ има потпишано Меморандум за соработка со ДИТ, а во наредниот период ќе следи и потпишување на Меморандум за соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како партнери кои за нас како синдикати и претставници на работниците се од огромно значење.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.