Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОЈ ИМА ПРАВО НА ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА ЗА ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА ПРВАЧЕ

КОЈ ИМА ПРАВО НА ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА ЗА ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА ПРВАЧЕ

ССМ преку колективните договори обезбедува низа права за работниците, меѓу кои и право на платено отсуство од работа поради лични причини, а во дел од колективните договори е предвидено и право на платено отсуство за првиот училишен ден на прваче.

Во јавниот сектор, ССМ со Општиот колективен договор за јавниот сектор од 2023 година обезбеди ова право да важи за сите работници кои имаат прваче. Тоа значи дека тие имаат право на платено отсуство од работа за првиот училишен ден на своето дете.

Во приватниот сектор, за најголем дел од работниците кои се членови на синдикат во ССМ и се опфатени со грански или колективни договори на ниво на работодавач, ова право е исто така обезбедено. За жал, работодавачите одбиваат преку Општиот колективен договор за приватниот сектор ова право да биде гарантирано за сите работници, користејќи го како изговор фактот дека не во сите компании има организиран синдикат.

ССМ останува на ставот дека правото на платено отсуство за првиот училишен ден на прваче треба да важи за сите родители и ќе продолжи да се бори за негово проширување на сите работници во приватниот сектор.

Дополнително, најголемиот дел од синдикатите членки на ССМ, согласно своите можности, обезбедуваат и финансиска поддршка за првачињата на своите членови.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.