Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД МЕСЕЦ АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Врз основа на членот 4, став (2) од Законот за минимална плата, висината на минималната плата во бруто износ започнувајќи од април 2020 година изнесува 21.776 денари,  односно минималната плата во нето износ ќе изнесува 14.934,00 денари што претставува зголемување за 435 денари на износот на минималната плата која моментало изнесува 14.500,00 денари.

ССМ стои на ставот дека постои реална потреба од зголемување на минималната плата и во иднина која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 % од просечната плата во државата.

Истовремено апелираме работодавачите да го следат растот на минималната плата и ова зголемување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.