Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Стручна служба

Во рамките на Стручната служба на ССМ постојат неколку сектори.

Сектор  за работни односи, правна заштита, колективно договарање и човечки ресурси

Лиле Петрова, Советник за работни односи

e-mail: l.petrova@ssm.org.mk

моб. 072 307-639

Катерина Поповска, Советник за  организација,  развој и синдикална едукација

e-mail: k.popovska@ssm.org.mk

моб. 072 277-182

Секторот за работни односи, правна заштита, колективно договарање и човечки ресурси ги следи законските прописи од областа на работно – правната и социјалната положба на работниците, ги проучува законите и дава предлози и мислења за истите, поднесува иницијативи за донесување закони. Во областа на правната заштита овозможува правна заштита на членовите на синдикатот од областа на работните односи, дава насоки и предлози за заштитата на правата на работниците, учествува во изготвувањето, потпишувањето, следењето и примената на колективните договори, го следи остварувањето на колективните договори и др.

Сектор за економско – социјални прашања

Светлана Димоски, соработник за економско – социјални прашања

e-mail: s.dimoski@ssm.org.mk

моб. 072 277-185

Секторот за економско – социјални прашања, развој и образование ги следи состојбите во социо - економската сфера, материјално – социјалната положба на работниците, ги проучува макро и микро економските проекти на Владата на РМ, го следи спроведувањето на социјалната политика, учествува во донесувањето и спроведувањето на политиките за вработување, ги следи состојбите со платите и надоместоците, иницира прашања за Економско – социјалниот совет, дава мислења и предлози за имплементирањето на регулативите на ЕУ у друго. Во областа на организацискиот развој секторот го следи остварувањето на загарантираните синдикални права, предлага начини за користење средства за синдикална борба, ги следи и ги проучува позитивните искуства од европското и светското синдикално движење и др.

Сектор за меѓународна соработка

Ирена Ивановска, Советник за меѓународна соработка

e-mail: irena.ivanovska@ssm.org.mk

моб. 072 277-151

Секторот за меѓународна соработка води евиденција за членувањето на ССМ и синдикатите во меѓународните синдикални организации и асоцијации; ги следи активностите на меѓународните синдикални организации и асоцијации; учествува и подготвува меѓународни проекти; ја координира соработката на ССМ со меѓународни фондации и организации; и др 

Сектор за општи работи

Славица Богеска, Финансов сметковидител

Секторот за општи работи учествува во секојдневните активности на ССМ, го организира информирањето во Сојузот на синдикатите, го информира членството и јавноста за активностите на ССМ, организира прес – конференции, брифинзи и средби со новинари, го уредува интернет порталот на ССМ, подготвува информации за ССМ меѓу две седници на Советот и други работни обврски поврзани со информирањето.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.