Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Зошто работниците треба да се здружуваат во синдикати?

Само здружени во синдикат, работниците имаат право на колективно преговарање за регулирање на условите за вработување, работа, плата, додатоци, како и на другите права од работниот однос; како и право на штрајк и на преземање на сите форми на синдикални акции.

Синдикатот е единствен што се залага за почитување на човековите права и слободи, за правна држава, демократија и слободен пазар, и води вечна борба против кршењето на работничките права

На своите членови, синдикатот им обезбедува бесплатна правна помош и совети при остварувањето на правата од работниот однос, организира и едукативни семинари, работилници и обуки за јакнење на своите капацитети и подигнување на свеста кај своето членство.

Работникот не е моќен сам да преговара за поголеми права. Мал број работници се информирани за своите права од работниот однос, што е главната причина зошто тие не знаат ниту да си побараат некое право ниту, пак, знаат како да се заштитат. Оттука произлегува и потребата за здружување во синдикат.

Повеќе на

https://mojtrudmoiprava.mk/kolektivni-prava/

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.