Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ ИЗБРАН ЗА СЕКРЕТАР НА СОВЕТОТ НА ССМ

ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ ИЗБРАН ЗА СЕКРЕТАР НА СОВЕТОТ НА ССМ

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата 1 седница, врз основа на предходно спроведена постапка во согласност со Статутот на ССМ, а со оглед на значењето од вршењето на Секретарската функција за пооперативно делување во остварување на програмските задачи на ССМ согласно Статутот и согласно програмските активности на Сојузот на синдикатите на Македонија произлезени од 20 Конгрес на ССМ, едногласно го избра Златко Цветковски за Секретар на Советот на ССМ.

Истовремено Советот на ССМ избра и ⤵️

▶️Потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор - Д-р Марјан Кицев , член на Претседателството на ССМ и претседател на Македонски полициски синдикат (МПС)

▶️Потпретседател на Советот на ССМ за приватен сектор - Павел Трендафилов , член на Претседателството на ССМ и претседател на Синдикатот за градежништво индустрија и проектирање на Македонија .

▶️Потпретседател на Советот на ССМ за колективно преговарање и договарање и економски прашања - Љубиша Каранфиловски , член на Претседателството на ССМ и претседател на Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

▶️Потпретседател на Советот на ССМ за организациски развој – Миќо Стојановски, член на Претседателството на ССМ и претседател на Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)

▶️Потпретседател на Советот на ССМ за организација и мобилизација на синдикално членство - Љупчо Радовски, член на Претседателството на ССМ и Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)

▶️Потпретседател на Советот на ССМ за слободните економски зони( ТИРЗ) – Игор Герасов, член на Претседателството на ССМ и претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.