Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Зголемувањето на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на платите

Зголемувањето на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.

ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за јуни 2020 година изнесува 33487 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува најмалку 60 % од просечната плата во државата која согласно последните податоци од ДЗС за април изнесува 25.830,00 денари односно минималната плата денес треба да изнесува најмалку 15500 денари‼️

Сојузот на синдикатите на Македонија во континуитет се залага и бара зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства, а поради што е потребно да се следи растот на минималната плата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.